Убавините во Македонска Каменица (2)

МАНАСТИРСКО-ТУРИСТИЧКИ КОМПЛЕКС „ЕЛЕНЕЦ“

Манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ се наоѓа во село Цера, на околу 1000 метри надморска височина, на 12км оддалеченост од Македонска Каменица. Во преубавите зелени пејсажи е изграден манастирот „Покров на Пресвета Богородица“…   10246816_753565938029208_818946480763375056_nСо средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка, Општина Македонска Каменица реконструираше два од старите манастирски конаци, изградени се нови пешачки патеки, поставено е ново осветлување и урбана опрема. Изграден е и нов пристапен асфалтен пат до локалитетот. Со сопствени средства, Здружението на граѓани „Еленец Цера“ ги изгради првите три од предвидените десетина летниковци.
На преубавиот Еленец веќе се оддржуваат три големи манифестации: Бабина баница, Ден на дијаспора и голем црковно-народен собир (на 14 октомври) по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица“. Еленец е домаќин на бројни викенд посетители, а само во текот на 2015 година го посетиле повеќе од 20000 гости. 13394156_1410655518960261_1037568421913552410_n
Во наредниот период, ќе биде реновирана и старата кујна, ќе бидат изградени нови летниковци, а се предвидува и понатамошна реконструкција на манастирските конаци со што сместувачкиот капацитет би се зголемил и би достигнал до триесетина легла.
Посетете го Еленец!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *