Полицијата уапси маж од виничко, кој се сомничи дека допирал по телото 26-годишна Германка.
Полицајци од Полициската станица Делчево вчера вечер во 21.30 часот, го уапсиле 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, летово имаше повеќе пријави за силување. Според полицискиот бител, и германска државјанка имаше пријавено дека во Охрид ја силувал Турчин.