
Музичарите од Истоков ќе се соберат на традиционалната музичка вечер која годинава за првпат, ќе се одржи во Делчево. Домаќините, Национал бенд , велат дека се е подготвено за 6-то издание и дружбата на музичарите која ќе се случи на 28 февруари.Во Делчево се очекуваат над 150 музичари. Да се видиме, да се подружиме, да размениме заедничко искуство, а очекуваме колеги од Струмица, Штип, Берово, Македонска Каменица и др, кажа Злате Јовановски од Национал бенд.
Национал бенд постои 6 години и е најмлада музичка група во Делчево.За овие момчиња е предизвик да се одржат во професијата, каде печат оставиле многу групи.Последниве години посебно за викендите, музичарите од Делчево најмногу ги забавуваат бугарските гости.
Кај нас доаѓаат Бугари и најмногу ја сакаат македонската музика, а ние сме овде да им ја интерпретираме и да ги забавуваме, кажа Дејан Глинџарски од Национал бенд.
Музичката вечер во регионот како мегдан за забава, натсвирување и средба на музичарите, започна како идеја на познатите музички бендови од Македонска Каменица: Модерато и Актив Бенд.