Трагедија во уште една скопска гимназија. Матурантка почина на час

Вистинска трагедија се случила вчера во Скопје кога средношколка се онесвестила на среде час и починала. Трагедијата, како што информираат од полицијата, се случила во 18 часот и 30  минути, во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на час по Историја.

Се работи за 18-годишната А.А.од Скопје на која во еден момент и се слошило, по што паднала од столчето. По неуспешниот обид од професорите да ја освестат била повикана  Итна медицинска помош. Тие се обиделе да ја реанимираат, но не успеале.

Истата била пренесена во Ургентен центар каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *