Трагедија во село Истибања: Новороденче починало во сон

Вчера во полициската станица во Виница дежурен лекар од Брзата помош телефонски пријавил дека во куќата на К.П. во селото Истибања починало бебе.

Во куќата како потстанари живееле С.Ц. и Ц.Ј., а нивното бебе било родено на 13 јануари. Лекарите констатирале смрт без траги на насилство. Таткото, вчера наутро, прв забележал дека бебето не дава знаци на живот и било помодрено по телото.

Јавното обвинителство издаде наредба да се изврши обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *