Том и Џери го слават својот 77 роденден

Вечното ривалство меѓу мачката и глушецот го одбележа детството на многу луѓе, а токму денеска Том и Џери го слават својот 77-ми роденден.Вилијем Хан и Џозеф Барбера, беа првите сценаристи и директори на овој анимиран филм чија прва серија беше емитувана во периодот меѓу 1940 и 1952 година, а овој популарен цртан се прикажува и ден денес.

Анимираниот цртан филм „Том и Џери“ е награден дури со седум оскари, а магазинот Тајм го вметна меѓу најдобрите телевизиски емисии на сите времиња.

Авторите на овој цртан филм често знаеле да им замерат за „политичката некоректност и агресивност на ликовите“, но овие обвинувања никогаш не биле сериозно сфатени.Еве ја првата епизода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *