Општина Македонска Каменица и Јавното претпријатие „Камена Река“ активно се вклучија во санирање на штетите од поплавите кои го зафатија Скопје. Тим од Македонска Каменица учествува во испумпување на навлезената вода во домовите во погодените подрачја, како и во расчистување на теренот.
Веќе од утре стартува и хуманитарна акција за донирање на помош за настраданите и пријавување на доброволци кои ќе бидат вклучени во санација на штетите.