Текстилните работнички мака мачат. Бројот на пријави за нивна злоупотреба постојано расте

Дека работата во текстилните фабрики не е нималку лесна и дека во овој сектор континуирано се кршат работничките права, доказ се четириесетина работнички од Штип на кои од секојдневните проблеми и притисоци им дошло преку глава. Тие побарале и добиле бесплатна правна помош во невладината „ЕХО“. Најчесто пријавувале прекршување на работното време, навреди од раководители, ниски плати и нивно нецелосно исплаќање.

Бројот на пријавите континуирано се зголемува и тоа е доказ дека свеста кај работниците расте, а со вакви проблеми се соочуваат текстилните работнички во цела Источна Македонија. Освен нив, постојат и други ранливи групи чии права се кршат или се дисриминирани во општеството. За нивна заштата, невладината „ЕХО“, заедно со повеќе организации и институции работат на Македонска платформа за социјална инклузија. Дали и колку таа ќе помогне во надминување на проблемите во пракса, ќе покаже нејзината имплементација.

извор: http://www.televizijastar.com/2017/03/06/40-%d1%82%d0%b5%d0%ba%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bb%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%82%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bf-%d0%b8-%d0%be%d1%84%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%98/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *