Тежок инцидент на штипска ортопедија: Вработен претепал посетител

Тежок инцидент на штипска ортопедија. Вработен натепал посетител, откако овој побарал да му се помогне на неподвижен пациент, тврди нападнатиод:

  • Дојде и почна да ме тепа, ме удри со бокс во лицето и почна да ме навредува. мене ми се слоши, шеќерот ми се качи на 27 и ми ставија инфузија, кажа Адем Ченгароски, нападнат посетител.

За случајот веќе се подготвува и тужба за вработениот:

  • Според мене овде има елементи на кривично дело, а со оглед на тоа дека се работи за вработен во јавна институција за време на работа, можеби би требало да интервенира и обвинителството, кажа Аксел Ахмедовски, адвокат.

Инцидентот денес пред болницата собра неколку невладини организции:

  • Го осудуваме настанот и сметаме дека ова е срам за болницата, изстакнаа Зоран Биковски, НВО КХАМ – Делчево и  Ерол Адемов, Здруж. за мултиетничко општество – Штип.

Ова е трет физички инцидент на ова одделение, па невладините најавуваат барање на одговорност и од менаџментот на болницата

  • Ова нека биде опомена за сите во болницата која и онака е со многу лош имиџ, а хигиената е како да конкурира со градско WC, кажа Зекир Абдулов, НВО КХАМ – Делчево.

Од друга страна од болницата излегоа со сосема спротивно тврдење :

  • Наш вработен е нападнат од страна на посетител кој во болницата дошол надвор од времето за посета. Со сила влегол на одделението и го нападнал вработениот, кажа Елизабета Папарова, дир. на Клиничка болница – Штип.

Инаку, инцидентот во полиција е пријавен од страна на Ченгароски, додека според изјавите на менаџментот, вработениот за кои тврдат дека, всушност, бил нападнат се уште тоа не го сторил поради здравствени причини.

Извор: СтарТВ – Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *