Општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“ организираат изведба на две театарски претстави на реномираниот театар „Колозов“ од Скопје. Детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“ ќе се одигра на 15-ти септември, од 12.00 часот, и таа е веќе целосно резервирана. Претставата ќе се одигра во новата спортска сала во Македонска Каменица и ќе биде прикажана за дечињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Урнебесната комедија „Женско царство“ ќе се одигра истиот ден, но со почеток од 19.00 часот. „Женско царство“ е за лица постари од 14 години. Двете претстави се во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Влезот на претставите е бесплатен.