Театар „Колозов“ наскоро гостува во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица и Културно-информативен центар „Романса“ организираат изведба на две театарски претстави на реномираниот театар „Колозов“ од Скопје. Детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“ ќе се одигра на 15-ти септември, од 12.00 часот, и таа е веќе целосно резервирана. Претставата ќе се одигра во новата спортска сала во Македонска Каменица и ќе биде прикажана за дечињата од ООУ „Св. Кирил и Методиј“.a-new-design-1

Урнебесната комедија „Женско царство“ ќе се одигра истиот ден, но со почеток од 19.00 часот. „Женско царство“ е за лица постари од 14 години. Двете претстави се во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Влезот на претставите е бесплатен.%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%be-%d1%86%d0%b0%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be_1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *