ТАЖНА ВЕСТ: МЛАДИЧОТ ОД ДЕЛЧЕВО ПРОНАЈДЕН МРТОВ – ОБЕСЕН НА ДРВО

Заврши кобно потрагата по 31-годишниот Даниел Ѓеоргиевски од Делчево. Неговите роднини и пријатели и полицијата го пронашле обесен за дрво ви блиската шума на 3 километри од селото Чифлик Делчевско.

Според информацијата на СВР Штип ,синоќа околу 20 часот  е пронајдено телото на Георгиевски по што надлежни истражни органи извршиле увид, а дежурниот лекар констатирал дека смртта настапила со бесење, а врз телото немало траги на насилство.

Даниел Ѓеоргиевски и неговите двајца браќа биле сираци и живееле сами во куќа кои оваа пролет ја изградиле во Делчево. Што му пресудило на младиот Данил да си посегне по животот е тајна која ја однесе со него , но и болка која ќе ги мачи неговите роднини и пријатели. Даниела Ѓеоргиевски беше пријавен за исчезнат на 17 август .

Пишува: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *