Стојанка (83) со метална шипка го убила својот сопруг Тројан (83) бидејќи мислела дека ја изневерува

Стојанка Станковиќ (83) од местото Белјин кај Владимирац во Србија е уапсена под сомнение дека завчера со метална шипка го убила Тројан Станковиќ (83). Како што рекол нивниот прв сосед, Стојанка го убила сопругот бидејќи мислела дека ја изневерува со дупло помлада жена од истото село, пренесоа српските медиуми.

– Со свои очи гледав како го убива. Го обвинуваше дека е во врска со некоја 40-годишна жена и дека таа е бремена од него! Замислете! А Тројан едвај се движеше, рекол за Ало, сосед на Станковиќи.

Останатите мештани раскажуваат дека Тројан не бил лош човек и додаваат дека слушнале дека Стојанка често го тепала без повод.

Стојанка вчера е приведена на сослушување кај обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *