Стотина граѓани веќе се пријавија за користење бесплатен јавен превоз

Стотина жители од руралните средини на општина Македонска Каменица веќе се пријавија за користење на бесплатен јавен превоз. Пријавувањето трае до 20 јануари 2017 година и се очекува бројот на корисници најмалку да се дуплира до крајот на рокот. Право на користење на бесплатен јавен превоз може да остварат слeдниве категории на граѓани: пензионери, лица корисници на социјална парична помош, лица корисници на постојана парична помош и хендикепирани лица. 

За реализација на оваа социјална програма, општина Македонска Каменица набави две нови комби возила. Локацијата, времето на поаѓање и на враќање за секое населено место ќе бидат дополнително утврдени во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со ова општина Македонска Каменица претставува единствена општина во Републиката која после Градот Скопје овозможува бесплатен превоз за пензионери еднаш неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *