Стартуваат елиминациите во Лигата на шампиони

Со денешните први осминафинални натпревари стартува елиминациската фаза од фудбалската Лига на шампиони. Осминафиналната фаза започнува со денешните два натпревари: ПСЖ – Барселона и Бенфика – Борусија Дортмунд.

ПСЖ и Барселона веќе стана класика кога се работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Овие два тима многу често се среќаваат, а засега Каталонците излегуваат како победници.

Интересен се очекува да биде и дуелот помеѓу Бенфика и Борусија Дортмунд. Португалците се одлични на домашен терен, каде имаат само еден пораз во последната година.

Утрешниот ден носи две големи дерби пресметки. Главниот дуел се игра во Минхен, каде Баерн го пречекува Арсенал, но огромно внимание предизвикува и пресметката помеѓу актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид и Наполи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *