Со соработка меѓу институциите и приватниот сектор ќе се намалува невработеноста


Во рамки на проектот „Развивање на соработката помеѓу високообразовните институциии, приватниот сектор и релевантните органи“, денес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се оддржа работилница на тема „Одбори за доверба и соработка со јавноста на факултетите/универзитетите“. Утврдено е дека преквалификацијата и доквалификацијата е еден од начините за борба против невработеноста, а и дека мора да се влијае врз младите да одбираат дефицитарни струки кои се барани на пазарот на труд и се  подобро платени. Со вакви и слични мерки се планира намалување на невработеноста која во Македонија е нешто над 24 проценти, при што алармантно е дека најголем број невработени се лица помеѓу 25 и 40 години. Очекувањата се дека со соработката помеѓу институциите и приватниот сектор, позитивно ќе се влијае врз решавањето на проблемот со невработеноста. 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *