Со велосипед на Д Фестивал

Група млади авантуристи од Македонска Каменица решија да одат на годинашново издание на Д Фестивал, кој ќе се оддржи во Дојран, од 15-ти до 17-ти јули.  Овие фанови на урбаниот звук и урбаната култура своето патување ќе го започнат во среда (13-ти јули), а ќе стигнат во Дојран непосредно пред стартот на фестивалот. kamenica.mk ќе информира за текот на нивното патување и за тоа како ги поминуваат фестивалските денови, а младите фанови на Д Фестивал велат дека немаат никакво барање, освен организаторот да им обезбеди гратис влезници. Среќен пат дечки!

13567127_746050012202085_3825429466262001967_n 13592771_746870148786738_6299183391193977832_n13606877_748518138621939_3599849081384925681_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *