Сопругата на Дејвид Камерон на удар од медиумите во Велика Британија: Срамно што евтина работна сила од Македонија ви ги шие скапите-луксузни брендови за бедна плата

Дизајнерката Саманта Камерон е на удар на британските медиуми бидејќи во Македонија користи евтина работна сила за производство на нејзината најнова линија на луксузна облека

Фабрика во Македонија шие облека за сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, објави британскиот магазин „Дејли мејл“. Дизајнерката, Саманта Камерон, ја одбрала токму Македонија како земја каде ќе се произведува нејзината најнова модна линија „Цефин“ (Ceffin).

„Дејли мејл“ пишува дека само една блуза со етикета од овој бренд на британскиот пазар ќе се продава по цена од 110 фунти. Новинарите немаат информации колку се платени македонските работнички, но потсетуваат дека во август минатата година многу познати модни брендови биле критикувани бидејќи ја злоупотребувале евтината работна сила во Македонија, каде според нив, шивачките биле плаќани помалку од 50 денари на еден час и работеле во мачни и понекогаш опасни услови.

Саманта Камерон

Освен во Македонија, најновата модна линија на Саманта Камерон наменета за деловни жени, ќе се шие и во Литванија.

Никола Раунд од текстилниот синдикат во Велика Британија, вели дека  работниците од Источна Европа, се користат од страна на познати фирми, бидејќи тие се евтина работна сила.

дел од најновата колекција Ceffin

„Текстилните работници во Македонија често работат многу часови за мизерни плати. Познатите фирми во Велика Британија треба да имаат одговорност кон луѓето кои ја прават нивната облека, и треба да се сигурни дека тие добиваат пристојна плата.”

Портпаролот на Цефин (Cefinn) соопшти дека фабриките со кои соработува работат во согласност со сите меѓународни прописи.

„Цефин работи само со фабрики кои се постојано под надзор, ние имаме блиска соработка со сите фабрики и редовно ги посетуваме”, вели портпаролката.

Таа додава: “Контролата е само една од мерките. Сепак, треба да се види, на пример, дали компаниите им даваат поддршка на работниците во остварување на нивните права да се приклучат и да се организираат во синдикатите“.

Британските медиуми не откриваат за која фабрика во Македонија станува збор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *