СООПШТЕНИЕ: Утре, четврток 20. Јули, во Македонска Каменица ќе биде спроведено терастично третирање против комарци

Општина Македонска Каменица упати Соопштение до граѓаните, дека во четврток на 20. Јули 2023 година, во доцните вечерни часови, ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари.

– Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, – стои во соопштението од Општина Македонска Каменица

При несоодветни временски услови, од општината велат дека, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *