Сообраќајна незгода во близина на село Истибања. Велосипедист прегазен од автомобил

Синоќа околу 18 часот во близина на селото Истибања (Виница), се случила тешка сообраќајна незгода.

До сообраќајката дошло кога автомобил удрил во велосипедист кој се движел по патот во истата насока како и возилото.Од СВР-Штип ја потврдија информацијата при што истакнаа дека велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во болница.

Повеќе информации за причината за несреќата и состојбата на велосипедистот ќе се знаат во текот на денешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *