Каменица, 26 октомври 2017 (kamenica.mk) – Времето во Македонија изутрина ќе биде свежо, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Каменица ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 19 степени.
И утре преку ден ќе биде суво и уште потопло. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота.
В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините