Се оддржа средба на ловните друштва од регионот

Вчера, во село Костин дол-Македонска Каменица се оддржа средба на членовите вклучени во мониторингот на крупни цицачи на Осоговските Планини. Пред учесниците беа претставени и можностите за аплицирање на Европските фондови со проекти за зголемување на фондот на дивеч, како и за развој на ловниот туризам.

На средбата учествуваа членови од ловните друштва „Про-лов“ од Пробиштип, „Острец“ од Делчево, „Полаки“ од Кочани, „Буковац“ од Кратово, „Осогово“ од Крива Паланка, како и подружниците на Македонски шуми од Кочани, Делчево, Крива Паланка и Кратово. Организатор на оваа средба беше Ловното друштво „М.Каменица-Саса“ од Македонска Каменица, а настанот се оддржа со поддршка од општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *