Пожар избувнал во четвртокот вечер во семејната куќа на Г.Б. (64) од село Илиово, делчевско, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција.
Известена била ТППЕ-Делчево, кои поради непристапниот терен и временските неприлики (големите наноси од снег), не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на пријавителот, неговиот татко и Ј.Р. од Илиово.
Истиот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место.