Секој петти кредит на Истокот наместо корисникот го враќаат жирантите

Секој петти кредит на Истокот, наместо корисникот го враќа жирантот, односно оној кој за услуга се потпишал на барањето за крадит. Најчесто жирантите се жртви на исклучително блиски луѓе, другари, кумови, но и браќа и сестри. Во просек, тие на банките им враќаат од 3-5.000 евра во чие трошење не учествувале.

Ова се поразителни податоци до кои дошле невладините истражувања , а претпоставка е дека бројот на „заглавени“ жиранти е многу поголем, зашто ова е болна тема за која ретко кој зборува јавно и отворено.

Речиси никој од „враќачите на туѓи долгови“ не успеал парите да си ги врати назад, иако според законот има можност за тоа:

  • Согласно Законот за облигациони односи, жирантот има право да побара од кредитобарателот да му го надомести целокупниот износ кој тој го платил. Во пракса зборуваме за настанат долг по тој основ, појасни Елена Георгиевска, Здружение на млади правници.

Многумина ова не го знаат, но многумина се откажуваат зашто е вовед во неизбежна судска постапка:

  • Судската постапка се покренува со поднесување на тужба пред надлежен Основен суд, согласно одредбите од Законот за парнична постапка, при што е многу битно да се води сметка за застарувањето на долгот, дополни Георгиевска.

Поради ова, се помал е бројот на оние кои се нафаќат да бидат жиранти, а од потписот за гарант з акредит – бегаат како ѓавол од крст:

  • Во ваква ситуација , некој намерно ќе го направи тоа, ќе треба ние да исплаќаме туѓи долгови. Во никој случај не се нафаќаме да бидеме жиранти, рекоа анкетирани штипјани.

Инаку, според послените информации од Народна банка во моментов кредитите на населението изнесуваат околу 2,1 милијарда евра.

Повеќе од половина од вкупната задолженост на граѓаните се должи на заеми за основна егзистенција, плаќање сметки, како и купување за потребите на домаќинствата, студирање и годишни одмори. Најмногу се одобруваат потрошувачки кредити, потоа станбени, па автомобилски кредити.

Дури 10 % од овие кредити луѓето не можат да ги вратат.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *