Седум Бизарни Секс Традиции Од Минатото

Сексуалниот живот најчесто е нешто приватно, па не знаеме кој какви фетиши и навики има зад затворена врата. Но како што се пренесуваат некои приказни и легенди, така ги дознаваме и секс навиките и традициите на луѓето од минатото. Подолу прочитајте дел од најчудните и најбизарните секс традиции и навики што постоеле во минатото. “

Пеење на гениталиите

Во минатото во Хави, луѓето си давале имиња на своите гениталии и пееле песни за нив, наречени „mele ma’i“, преку кои ги опишувале своите секс органи. Ритуалот бил со цел прослава за следните генерации, кои ќе се родат како плод од сексуалните односи.

Танц и сопка

Старите народи во Колумбија имале церемонијален секс танц. Маж и жена танцувале и ако жената успеала да го сопне мажот за време на танцот, имале секс.

Делење сопруга

Во Напал, повеќе мажи од една фамилија (браќа, братучеди) имале заедничка жена, со цел да избегнат делење на нивното богатство и имот меѓу секој маж што ќе основа фамилија.

Пиење сперма

Малите момчиња од племето Самбиа од Папуа, Нова Гвинеја биле разделувани од жените на 7-годишна возраст и продолжувале да живеат само со мажи во наредните 10 години. Како дел од ритуалите за станување мажи, морале да ја пијат спермата на повозрасните од племето, за да добијат на сила.

Педофилија

Во античка Грција постоела традиција наречена „љубов кон дете“ во која возрасни мажи земале под своја закрила момчиња над 12-годишна возраст кои ги штителе, едуцирале, сакале и имале секс со нив.

Јавно мастурбирање

Во древен Египет, фараоните јавно мастурбирале во реката Нил, за време на фестивалот. Верувале дека ова ја прави Нил да остане река полна со вода, која никогаш нема да пресуши.

Крадење на жена

За време на фестивал на нигерското племе Водабе, мажите се облекувале во костими и танцувале за да ги импресионираат жените, чии бракови биле договорени уште од раѓање. Доколку некој од нив успее да земе некоја од овие жени неприметно, нивната унија, позната како љубовен брак, станува легална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *