Саса го победи Осогово

Екипата на ФК „Каменица Саса“, денес, на гостински терен во Кочани, го совлада Осогово. Единствениот гол на натпреварот го постигна Зоран Златковски, од слободен удар од околу 30 метри. Со оваа огромна победа, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, шансите на „Саса“ за пласман во Втора лига значајно се зголемуваат, имајќи го предвид распоредот до крајот на првенството.

Денес на Осогово не му помогна ни прастрасното судење на судиите, ни огромното непотребно продолжување на натпреварот. „Саса“ докажа дека е зрела за пласман во повисок ранг на натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *