Саса го победи Осогово во првиот меѓусебен пријателски натпревар

Во рамки на подготовките пред почетокот на Втората фудбалска лига на Македонија, во недела на Градскиот стадион во Македонска Каменица се сретнаа екипите на ФК Каменица Саса и Осогово од Кочани.

Резултатски ефективниот натпревар во Македонска Каменица го добија домаќините 3:2 (1:0).

Ова беше убава можност новоименуваните Шефови на стручните штабови на двата клуба во проверката на формата на сите играчите кои во моментот ги имаат на располагање и целокупно, почетната воиграност на тимовите.

 

 

Домаќините поведоа со 1:0 со голот на Стојов, а набргу потоа не реализираа удар од белата точка. Со истиот резултат се замина на полувреме.

На почетокот на вториот дел домаќините го зголемија водството, а стрелец на погодокот беше Симевски. Набргу гостите намалија преку Манов за да неколку минути подоцна домаќините и по трет пат ја погодат мрежата на гостите од Кочани. Стрелец од пенал беше Симевски.

Конечниот резултат 3:2 го постави Илиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *