Само 10% од популацијата се леваци: 20 најинтересни факти за леваците кои ќе ве зачудат

Човечкото тело е фасцинантна креација кој и денес, во ерата на најголемиот технолошки напредок со себе носи бројни енигми. А, една од нив се леваците т.е. луѓето кои природно се потпираат на својата лева страна од телото.

Ова се 20-те најинтересни факти за леваците кои ќе ве зачудат:

levaci1


1.  Само 10% од човечката популација се леваци, а експертите установиле дека ваквиот податок не се променил од неолитот.


2.  Дали сте левак или деснак може да се утврди со помош на косата – Востановено е дека луѓето чија коса расте во насока на стрелките од часовникот најчесто се деснаци.


3.  Леваците имаат бројни когнитивни предности – подобро паметат и ментално се пофлексибилни.


4.  Леваците повеќе ја користат десната мозочна хемисфера, а кај деснаците доминира левата.


5.  Во просек, леваците имаат пониска толеранција на алкохол – што ги прави склони кон алкохолизам.


6.  За разлика од деснаците, леваците подоцна влегуваат во пубертет и подоцна созреваат.


7. Тие се подобри во извршување на повеќе задачи наеднаш (multitasking) за разлика од деснаците.


8.  Да се биде левак е наследна особина која ја пренесуваат родителите.


9.  Жените кои стануваат мајки во 40-тата година од својот живот имаат двојно поголеми шанси да родат левак отколку оние кои родиле во 20-тите.


10.  Истражувањата покажуваат дека леваците се понесмасни за разлика од деснаците.


11.  Леваците се подобри во математика – им лежат архитектурата и креативните професии.


12.  Низ историјата, да се биде левак било негативна особина. Дури, во некои култури, леваците се сметале за вештери, демони или дека се опасни.


13.  Во светот постојат повеќе леваци-мажи, отколку жени.


14.  Леваците се склони на дислексија.


15.  Истражувањата покажуваат дека предвреме родените деца имаат поголеми шанси да бидат леваци.


16. Повеќе од половина од хомосексуалците се леваци.


17.  Леваците потешко се носат со негативни емоции – имаат поголеми предиспозиции за депресија.


18.  Само 1% од луѓето на светот се амбидекстери – личности кои еднакво ја користат и левата и десната страна на мозокот. Тие имаат еднакви моторни способности на двете страни на телото.


19. Во просек, леваците живеат 9 години пократко од деснаците.


20. Истражувањата потврдуваат дека коефициент на интелигенција поголем од 140 го имаат повеќе леваци отколку деснаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *