Сакате ли да заминете за Америка? Аплицирањето за зелена карта трае до 7 ноември

Лотаријата за зелена карта за 2018 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД е во тек, а завршува на 7 ноември 2016 година, во 18 часот. Аплицирањето е бесплатно, односно не се плаќа никаква административна такса, а граѓаните можат да аплицираат на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.

Учесниците во лотаријата треба да ја чуваат потврдата најмалку до 30 септември 2018 година бидејќи тој број е единствениот начин преку кој ќе може да се провери дали некој е избран за иселеничка виза. Стејт Департментот нема да ги контактира учесниците преку електронска пошта, туку тие самите треба да проверат дали се избрани на 2 мај 2017 година.

Ако сакате да одите, треба и да аплицирате!usa-1336898_960_720

Leave a Reply

Your email address will not be published.