„Рудник Саса“ одигра нерешено со „Хедис“

Во првииот натпревар на домашен терен, во првата македонска футсал лига, екипата на „Рудник Саса“ одигра нерешено со екипата на „Хедис“ од Прилеп. Иако на полувреме домашниот тим губеше со 2:4, конечниот резултат беше 8:8. „Рудник Саса“ постојано беше во негатива, а во трилер финиш имаше можност и за победа. Солидната игра и верната публика сепак даваат надеж дека локалниот футсал клуб ќе се избори за опстанок во лигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *