Рудник Саса донира 25 000 литри вода за настраданите во поплавите во Скопје

Рудник Саса донира 25 000 лити вода за настраданите во поплавите кои викендов го зафатија Скопје. Водата ќе биде доставена до приемните пунктови во општина Гази Баба, со цел да се покријат потребите на оние на кои им е најпотребна во моментов.

Рудник Саса уште еднаш ја потврдува својата силна општествено одговорна улога, а од раководството најавуваат дека ќе следуваат и дополнителни донации согласно потребите на погодените во поплавите. Од Рудникот упатуваат апел до сите нивни вработени и до сите останати граѓани да ја покажат својата хуманост и да донираат за настраданите. Донации може да се вршат и на телефонскиот број 143 400 (од сите мрежи), а со едно свртување на бројот се донираат 100 денари.

Рудник Саса
Рудник Саса

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *