Рударското “дерби” одиграно со подмладен состав: Рудар – Саса 4:3

Денес, Саса му гостуваше на пробиштипски Рудар како дел од последното коло на Трета фудбалска лига. Каменичани на ова рударско дерби патуваа со подмладен состав, бидејќи истиот не беше од некоја посебна важност за двете екипи. Очигледно, според составот на екипата, стручниот штаб на каменичани ја искористи шансата да им даде можност на младите, па така на голот целиот натпревар го одигра младиот Симон Стојковски. Како лев бек солиден натпревар одигра Михаил Јанев, а десното крило Предраг Спасевски беше стрелец на прекрасен гол од над 20 метри.

Домаќините одиграа цврст натпревар во кој со посериозни повреди се здобија Цветко Јанев и Ангел Атанасовски од редовите на Саса. Во составот на екипата на Саса не беа стандардните Бране Глигоров, Зоран Златковски и Емил Рунчевски заради повреди.

Екипата на Саса првенствениот дел од лигата го завршува на “непосакуваното” четврто место, кое најверојатно не обезбедува дирекрен пласман во Втората лига. Следуваат разигрувања, “бараж” натпревари и разни комбинаторики, после кои сите се надеваме дека Саса сепак ќе биде дел од повисок ранг на натпреварување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *