На 03.10.2023, полициски службеници од ОВР Виница извршиле службен разговор со В.Н.(48) од с.Виничка Кршла. Во 13.15 часот во училница на основно училиште во Виница агресивно се однесувал кон наставник затоа што претходно го одзел мобилниот телефон на неговиот малолетен син поради користење на мобилниот телефон на училишен час. По комплетирање на случајот против В.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.