Родители не се срамете да побарате помош за своите деца зависници од дрога. Интервју со психолог Соња Алексиевска

Родителите да не се срамат да побараат помош за децата зависници од дрога
Се повеќе млади посегнуваат по наркотици. Најмладиот корисник на дрога во Македонија, според невладината организација „ХОПС“ е осумгодишно дете кое користи дрога со инјектирање.

Во текот на изминатата година, теренските тимови на организацијата откриле 33 малолетни зависници, од кои седум нови случаи, но никој од нив не започнал третман на лекување.

Според психологот, Соња Алексиевска, проблемот е доста комплексен, а младите по дрога најчесто посегнуваат од љубопитство, но и под влијание на средината во која што живее.

КМ: Од психолошки аспект кои се причините кои доведуваат до се поголем број на млади кои се одлучуваат за употреба на наркотици.

  • Еве ќе тргнеме од основата на прашањето, поголем број на малолетници посегнуваат по наркотички средства. Самиот поим малолетници, толкување е дека имаат малку лета, односно имаат малку зрелост во однос на оваа проблематика, бидејќи ова е страшна и многу зрело треба да се работи на оваа проблематика. Прашањето зошто посегнуваат по дрога, кажува самата одредба на поимот на појава на малолетна возраст. Комплексен е одговорот, прво посегнуваат по дрога од љубопитство, понатаму веројатно имаат достапност до повеќе пари, главно е да бидат „ин“ во превод да се во сферата на врсници, да не се отфрлени, да бидат во тренд, а најмногу аналитички од структурата на личноста на таа возраст.

КМ: Колку средината во која што живеат овие лица допринесува тие да се одлучат на ваков чекор?

  • Секако дека многу. Ние сме социјални суштества. Секогаш сакаме да сме во склад со средината, сакаме да доминираме, е сега во кој смер ќе доминираме, во продуктивен или контрапродуктивно за нас, зависи од семејството, од микро клетката, секако и марко клетката. Темелот е семејството, а едни многу афирмирани психоаналитичари велат дека „детето е татко на човекот“ исклучиво и само дететот, какво детство таков човек.

КМ: Гледаат ли младите од проблематични средини на некој начин како на спас или бегање од реалноста со употреба на дрога?

  • Развојна фаза е прво од љуботиност, понатаму секој имаме проблеми. Бараат еве да кажам популарно „штаки“ во тешкото одење во животот. Личноста не дозволуваат да им созрее, дрога не дозволува да созрее никој. Ајде физиолошки да анализираме, ги оштетува нервните клетки, функции на мозокот, трајно, привремено, а секако дека елемент на посегнување, односно на продолжување да се зима дрога е неможност да ја реши проблематиката во која што живее.

КМ: На кој начин најдобро може да се влијае до младите да се намали овој процент на малолетници кои посегнуваат по дрога?

  • Едукација и исклучиво едукација, грижа за нашето богатсво, прво треба да се влијае на возрасните луѓе, затоа што младите и децата се нашето богатство. Кај се тие наши умови, условно кажано космички ни е дадено богатсвото, условно христијански Бог ни го дал богатството, а ние да го фрламе и кај ќе го фрлиме, кој ќе го земе? Секако некој кој што неправно, нехумано ќе си го собере тој богатсво. Секако прво на нас треба да се влијае, значи имаме богатство, а ние го фрламе така беспредметно. Ние возрасните специјално ние кои сме родители навистина имаме најубава, најслатка, но најтешка задача во ова време во развој кое време се вика „Homo homini lupust est“ или „Човек на човек волк“ е како природно или општествено и не мора така да биде, колку што можеме мораме да си ги заштитиме своите деца. Што подразбираме под заштита, родителот јас го разбирам, сите живееме во трка за егзистенција и треба да е трка за егзистенција, работата го чини човекот, ама треба да си ги контролираме дома своите деца, да разговараме отворено, да не ги лажеме. Секоја невистина доведува до пропаст, не смееме да си ги лажеме децата, никако самите себе си. Мораме да си признаеме дека имаме проблем, а кога дојде проблем логично е дека треба да го решаваме, не може сам да се реши и мора да си ги доживуваме нашите деца како богатсво, навистина се богатство и не треба богатсвото така да се фрла беспредметно.

КМ: Има ли конкретен период во кој љубопитноста преминува во зависност?

  • Љубопитноста е уште кога ќе се родиме. Нели први рефлекси се рефлекси на цицање и работа на очите на движење. Со растење ние учиме, како сунѓер се децата, специјално до првите три години е многу битен тој период, а адолесценцијата е најопасен мост кој мора да се помине интегрирано со помош на родители, бидејќи доле е најголема река, во тој временски период, ако децата немаат реални објаснувања од страна на родителите, бидејќи они се бомбардирани со низа информации од интернет, од другарчиња што зборуваат, многу тежок опасен, ризичен, најтежок мост за поминување каде тече огромна река, матна река е доле, зборувам за психичката река. Снаоѓање во животот, зрелоста на мозокот да се справи со проблемите, потенцирам специјално предадолесцентен и пубертетен период сега возраста се намалува поради физиолошко созревање, сега да не одиме во други теми, биологијата и структура на клетки се менува, тоа е во домен на медицина. Тој период е ризичен во најголем процент ризичен.

КМ: Колку е тешко да се излекува зависноста од наркотици?

  • Најубаво е да се прашаме Колку е тешко да се крене волјата, колку е тешко да се изгради личноста и колку е тешко да се одржи тежината во живеење, но веќе ако постои волја и ако почне лекување патот е долг, сизифова работа е тоа, но со волја и помош од родителите секогаш треба да се стигне до врвот, а врвот на оваа проблематика е да децата ни бидат здрави, ако се веќе во таа проблематика навистина треба да ги лечиме. Тешко е, многу е тешко, ама не само симптомите да ги отстрануваме, туку сржта, етиопатогенезата на проблематиката, потеклото.

КМ: За оние родители кои што ќе детектираат нешто сомнително кај децата, каде да се обратат за помош?

  • Прво секој родител треба да си признае, не посакувам кога ќе има проблем, никој не посакува кога има проблеми, прво треба да си признае родителот на самите себе си. Сите сакаме идеални да ни се децата, но идеализмот е критикуван и кај Платон, идеално не постои. Прво секој родител треба да си признае, па понатаму ако детето му оди на училиште, сега во најголем процент и во пониски одделенија конзумираат дрога, да се обрати без срам, на оговарање, на етикетирање, битно е детето да ми се спаси, за секој родител, бидејќи подеднакво секој млад човек е ризична група, баш поради младоста. Да се обрати прво кај класниот раководител, „Луѓе помагајте имам проблем“, без срам, па во служба во училиште, па кај лекари. Како вели старата поговорка, „Ќе си вржеме прстче, па ќе си тражиме лек“, а лекот е тука меѓу нас, т.е. во нас, мора да се обрати на институции, да бара кај лекари, професори, наставници, секаде на секоја врата да тропне, мора да се спасат децата.

Сепак од невладината „ХОПС“ велат дека лекување на малолетниците е многу потешко поради институционални пречки пред се поради годините, но не и невозможно. Една од нивните препораки е да се отворат интегрирани програми за лекување, ресоцијализација и грижа на  децата кои употребуваат дроги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *