РК Делчево го освои турнирот „Вардар, еден живот, една љубов“

Женскиот ракометен клуб Делчево е шампион на турнирот „Вардар, еден живот, една љубов“ кај генерацијата 2000/01.

Финалето ракометарките на Делчево го одиграа против прилепски РК Филип, кого го совладаа со конечни 21 спрема 12.

Најдобар стрелец во финалето беше делчевчанката Кети Ангеловска со 11 гола, а кај поразените Сања Цветковска со 4 гола.

Во борбата за трето место силите ги одмерија винички Вардар против кумановски Карпош, каде кумановчани беа подобри и со конечен резултат 14 спрема 11 ги совладаа виничани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *