Репрезентативката на Македонија (М12) – Дариа Захариева е нов член на шампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица

Репрезентативката на Македонија (М12) Дариа Захариева од Кочани е нов член на шампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица.

Како брз и темпераментен играч, Дариа Захариева заедно со одличните Стефани Јанева, Матеја Антовска и останатите одлични кошаркарки од Македонска Каменица, ќе биде големо засилување за екипата на Баскет Кам до 12 години, со надеж дека годинава ќе донесат нов пехар во клубските витрини.

Дариа Захариева е поранешен играч на КК Баскет Дино од Кочани, а заедно со Стефани и Матеја, беше дел и од репрезентативниот камп во Маврово.

Честитки Дариа! Добредојде во градот на шампионите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *