Вчера беше комплетирано и третото коло од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на „Миле Јаневски Џингар 2017“. Ова се постигнатите резултати:
Го Пласт – Делириум 2:5
Џафер – Де Пласт 4:5 и
Рудник Саса – Фемили медика 2:1
Веќе е познат и првиот финалист на Турнирот во тенис. Во првото полуфинале, Дарио Стојковски беше подобар од Марјан Велиновски со 2:1 во сетови (6-3; 4-6; 6-3). Второто полуфинале се игра денес, во 18.00 часот, а место во финалето ќе бараат Кире Малчовски и Драган Јовановски.