Пронајден процес за можно опоравување на неврони

Постои надеж за развивање на нови третмани за невролошките заболувања, сега кога тим истражувачи од National Institute of Neurological Disorders and Stroke во САД откриле поврзаност помеѓу мобилизацијата на митохондриите во нервните клетки, и нивното повторно создавање/растење. Тимот смета дека ова е клучно за поправката на штетата нанесена на нервниот систем.

Митохондриите дејствуваат како овозможувачи на енергија за клетките, предизвикувајќи хемиски реакции кои на невроните им даваат енергија потребна за да ги шират нервните клетки низ телото. Некои аспекти од однесувањето на митохондриите се менуваат со тек на време, како што организмот старее.

Кај возрасните клетки, митохондриите се стационирани во едно место од протеинот наречен синтафилин, што значи дека не се подвижни како оние во младите клетки. Американскиот тим на истражувачи пробале да ја повратат мобилноста на митохондриите кај глувците, со тоа што генетички го тргнале синтафилинот од оштетените нервни клетки кои содржеле нефункционални митохондрии. Ова предизвикало повторно развивање на здрави митохондрии, што им дало на невроните способност да се регенерираат.

Научниците кои стојат за оваа студија велат дека резултатите од овие експерименти ќе им помогнат да изнајдат начин како да ги обноват нервните клетки и во човечкото тело, доколку истиве резултати ги добијат и во клинички тестирања.

За разлика од останатите клетки во човечкото тело, невроните не можат самите да се поправат/обноват, што е причината зошто некои заболувања како Алцхајмеровата болест имаат уништувачки последици по телото, а овој третман со реставрацијата на митохондријалната подвижност може значително да помогне во нивното лечење. Некои научници дури сметаат дека митохондриите се способни и да се подмладуваат, со што би се пронашол начин за создавање на некаква „фонтана на младоста“, доколку тој процес се потврди и се изнајде начин да се искористи. Но сите овие истражувања се во нивните почетни фази, но првичните сознанија ветуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *