Промени во приемните денови за странки во општина Македонска Каменица

Поради актуелната состојба со Ковид 19, но и поради континуираното зголемување на барањата за прием кај градоначалникот Димчо Атанасовски, општина Македонска Каменица воведе два приемни дена. Во среда ќе бидат примани граѓаните од централното градско подрочје, а во петок ќе се примаат жителите од руралните средини.

Од општината најавуваат низа онлајн алатки на кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат проблемите чие решавање е во надлежност на Општината, а истите ќе започнат да функционираат веќе се почетокот на наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *