ПРИЧИНИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ТРЧАТЕ СЕКОЈ ДЕН

Трчањето е најдобар начин за да ги изгубите вишокот килограми и да бидете во одлична форма. Покрај тоа е добро по здравјето и доколку почнете со трчање за брзо време ќе забележите позитивни промени. Сите причини за да почнете со трчање се добри, а откако ќе ги прочитате овие веднаш ќе ги облечете најудобните патики и облека и ќе одите да надокнадите за изгубеното време.

image

Ја подобрува работата на срцето

Трчањето е добро за срцето, бидејќи ја пдообрува неговата работа, го зајакнува, го зголемува бројот на крвни садови во вашето тело и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца. Исто така, трчањето ја подобрува способноста на мускулите за примање на кислород. Кога редовно се трча, вашето срце пумпа повеќе крв и тогаш протокот на крв се зголемува, сите ткива и органи во вашето тело примаат повеќе крв и на тој начин организмот се збогатува со кислород и хранливи материи.

Го намалува стресот

Во текот на денот, вашето тело го собира целиот замор, нервоза и тензија и затоа најдобар начин да се ослободите од сета негативна енергија е трчањето. Тоа е одличен начин за да се ослободите од негативните мисли, покрај тоа убаво ќе се препотите и ќе ги исфлите непотребните токсини од организмот.

image
Телото испушта ендофрин

Ендорфинот е познат како хормон на среќата, а додека трчате вашето тело испушта големо количество на овој хормон. Затоа трчањето е добра идеја, големото количество на ендорфин во крвта прави да се чувствувате еуфорично и на тој начин исчезнува депресијата.

Ја подобрува работата на мозокот

Покрај срцето, трчањето ја подобрува и работата на вашиот мозок. Додека трчате, вашиот мозок често се концентрира на решавање на проблеми со креативни решенија. Ова се случува поради кислородот, кој му помага на централниот нервен систем да работи поактивно. Затоа, трчајте за да ја подобрите менталната активност.

Подобар метаболизмот

Секојдневното трчање го подобрува имунитетот, бидејќи го зголемува нивото на црвените крвни зрнца и хемоглобинот. Во исто време го намалува холесторолот во крвта и апетитот и ја подобрува работата на цревата. На тој начин се подобрува метаболизмот и сето тоа ве води кон соодветната тежина на вашето тело.
Обновување на клетките на црниот дроб

Испитувањата докажале дека со трчањето се обновуваат клетките на црниот дроб. Уште една добра причина да почнете уште денеска, зарем не?

Позитивно влијае на локомоторниот систем

Честото трчање има позитивно влијание врз локомоторниот систем, а особено е добро за постарите луѓе бидејќи спречува остеоартитис и други заболувања на коските.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *