Претреси во кочанско, пронајдени оружје и муниција

Претреси во кочанско, пронајдени оружје и муниција

 

На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61) сите од Кочани.

При претрес во домот на Д.С. и Ј. С.  Во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при претрес во викенд куќа на Д.М. во с.Тркање, кочанско, исто така извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *