Прекин во снабдувањето со вода во Македонска Каменица поради поголем дефект на главна водоводна линија

Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица во текот на денешниот ден ќе бидат без потребните количини на вода за пиење, информираа од Јавното претпријатие „Камена Река”.

Како Јавно претпријатие задолжено за одржување на водоснабдителниот систем и непречено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, со сите ресурси сме вклучени во отстранување на дефектот, информираа од претпријатието.

Упатуваме на разбирање од страна на граѓаните поради настанатиот прекин во водоснабдувањето.

Дефектот е лоциран и екипите на ЈП Камена Река веќе работат на негово отстранување, додадоа од ЈП „Камена Река”. Очекуваат нормализирање на водоснабдувањето во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *