Предупредување до сите возачи кои сообраќаат на патниот правец Македонска Каменица – Делчево

Заради изведување на градежни активности на делницата од магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, на делот од излезот на Македонска Каменица па се до село Луковица (Каменички рид) сообраќајот на одредени места се одвива по една коловозна лента. На одредени места сообраќанот повремено е во целосен застој во зависност од потребите на изведувачот ГП “Гранит”, при што се создава колона долж коловозните ленти од двете страни.

И порано пишувавме за лошо поставената (ако ја има) патна сигнализација на местата каде што се вршат градежни активности од страна на изведувачот. Сообраќајот и сега го регулираат на своја рака дел од вработените на ГП “Гранит”.

Затоа предупредуваме до возачите кои сообраќаат на тој патен правец да ја приспособат брзината на движење на возилото кон условите на патот.

На патот градежни активности ќе се изведуваат од 7 до 15 часот секој работен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *