Предупредување до возачите! Возете со зголемена внимателност на патниот правец Македонска Каменица – Делчево

Крајно внимателни треба да бидат возачите кои што сообраќаат на патниот правец Македонска Каменица – Делчево. Прилагодете ја брзината бидејќи на неколку места од делницата ГП “Гранит” врши градежни активности, а истите ги има само делумно и неправилно означено и обезбедено. Поставеното означување и ако го има не е поставено на доволно растојание од самото место на кое што се вршат градежните активности и времето на возачите за реакција е скратено. Особено опасни се одредени делови од патот на кои што се вози по една коловозна лента. Сообраќајот на тие места го регулираат самите вработени од ГП “Гранит” при што со нестручната сигнализација доведуваат до конфузија кај самите возачи.
dav

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *