Предложени се измени во Законот за минарални суровини. Што ќе значат тие за постоечките рудници?

Група пратеници предложи измени во постоечкиот Закон за минерални суровини. Според нив, треба да се забрани употребата на цијанид во рударството, на што пак веднаш реагираа претставници од веќе постоечките рудници. Тие пак велат дека доколку се донесат овие измени на законот, постоечките рудници ќе се затворат, а државата ќе изгуби огромни приходи.

Лилјана Поповска од ДОМ изјави дека „предложените измени веќе се применуваат во сите земји во ЕУ и дека таму се поставени високи стандарди, но и дека новите измени нема да важат за постоечките рудници, туку за оние 80-тина концесионери кои сега прават геолошки истражувања во земјава“.

Од кабинетот на вицепремиерот Анѓушев се со ставот: „Владата нема намера ниту тенденција постоечките рудници, кои активно работат, да престанат со работа. Измените во Законот треба да бидат во согласност со интересите на македонските граѓани, да придонесат кон раст и развој на економијата и да се во насока на имплементирање на повисоки еколошки стандарди, во согласност со светските практики и позитивната ЕУ легислатива“.

И во Министерството за економија се став дека предложениот закон не треба да се донесе, зашто во практика би бил неприменлив.

Процесот за измени во Законот за минерални суровини будно го следат и каменичани, имајќи го во предвид фактот дека рударството е единствен извор на егзистенција во Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.