Предавање за пчеларите од Македонска Каменица

Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица, на 18.02.2017 година (сабота), со почеток од 14 часот,  организира предавање на следниве теми :
1. Медот и неговото значење во исхраната кај луѓето 
2. Размножување на пчелните семејства – најсовремени методи.

Предавањето ќе се оддржи во Салата за состаноци во општина Македонска Каменица, а предавач ќе биде професор Ице Китанчев од Охрид. Во текот на предавањето, присутните пчелари ќе може да поставуваат прашања од областа на пчеларството.
Со ова предавање, Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ ја започнува сезоната на советувања, обуки и проекти за сегашните и идни пчелари во Македонска Каменица.

Проектите и активностите на „Еко Кам Мед“, финансиски и технички се помогнати од општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *