Првото бебе од 1980 година го роди првото бебе во 2017 година

Исланѓанката Катрин Гудјонсдотир доби син, со кој не само што ќе дели ист роденден, туку и титулата на првородено бебе во годината. Катрин била првото бебе родено во Исланд во 1980 година, а се породи на 3 минути после полноќ – раѓајќи го првото бебе во Исланд годинава.

Првородените бебиња на Исланд не добиваат никакви посебни подароци, но необичната коинциденција на случајот не можеше а да не предизвика големо медиумско внимание.

„Се шегувавме вчера (со сопругот) дека нашиот син може да биде првото дете што ќе се роди во 2017-та, но не верувавме дека навистина ќе се случи. Делуваше претерано нереално“, вели мајката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *