Прав Каменичанец и 13-те сигнали дека е зависен од кладилница

  1. Секогаш те само една утакмица “заебува” (најчесто последната).
  2. Знаеш на памет колку е 1,75х2,25х1,90
  3. Мислиш се дали да јадеш барем една баничка или да уплатиш уште едно лифче на триесе.
  4. Кога фанеш лифче сите по чаршијата те разберат ( дури и тие што им дужиш).
  5. Кога веќе месец дена не можеш да фанеш лифче почнуваш цело време у муабето да повтараш “ногу ги местат бе, како у лифчето да ми гледаа мме”.
  6. Парите што ги имаш у тебе ги рачунаш у лифчиња, како пензионерите у леб.
  7. Ако те “заебе” првата трчиш одма да направиш поправно лифче.
  8. У кладилницата уплаќаш само кај еден вработен, оти само он ти носи среќа.
  9. Одиш на Црква и молиш дедо Попо да ти освети и благослови лифчето.
  10. У кафичо до кладилницата знаат какво кафе пиеш и у колку саато ќе дојдеш.
  11. Секогаш на исти начин го свиткуваш лифчето и го ставаш у исти џеб.
  12. Имаш си свој редовен малер у кладилницата и он ти е крив што не можеш да фанеш.
  13. Барем ретко гушиш со политика по масите у кафичите, а овоа го читаш у кладилницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.