Поштата во Облешево остана празна. Крадците оставиле само голи ѕидови

Крадци ја испразнија поштата во Облешево. Откако тие излегле оттаму, во поштенската зграда, остананале буквално само голи ѕидови.
Целата техничка и компјутерска опрема, неколку панели за греење и радиоприемник, се украдени, а направената материјална штета е голема и таа грубо се проценува на неколку десетици илјади евра. Во поштата, крадците влегле, кршејчи ги решетките на прозорците, а потоа и самите прозорци.
Кражбата е откриена околу 05.00 часот утринава, откако поштарот дошол на работа, по што е повикана и полицијата, која направиле увид и работи на пронаоѓање на сторителите.
Ова е четврта кражба во поштата во Облешево. Во претходните три крадците исто така ја украле техничката опрема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *