Почина Мики Јевремовиќ – легенда на југословенската народна музичка сцена

Еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, Мики Јевремовиќ, почина денеска во болница во Белград. Јевремовиќ, кој на 27 декември имаше тежок мозочен удар неколку дена беше во кома.

Милорад Мики Јевремовиќ е роден во Белград на 27 март 1941 година. Беше најпопуларен во текот на 60-те и 70-те години на минатиот век.

Почетокот на кариерата го обележа со хитовите „Мама“ и „Осумнаесет жолти дуњи“. Подоцна публиката ја освои со песната „Ако некогаш ја видиш Марија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *